21-22.11.2022-Саемот за безбедност „Живеј безбедно“, Скопје сити мол

Саемот за безбедност „Живеј безбедно“ има главна цел да се истакне превентивниот аспект на безбедноста, начините и механизмите за превентивно дејствување во однос на личната безбедност, но и безбедноста на приватните станови, куќи и корпоративни објекти.
Саемот го организираат Комората за приватно обезбедување и Министерството за внатрешни работи за надоградување на квалитетната стратешката координација и комуникација на приватната и јавната безбедност.
Со саемот за безбедност отпочнува кампањата ДЕНОВИ НА ПРИВАТНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ што Комората за приватно обезбедување традиционално ја организира со цел промоција на дејноста, вмрежуање, размена на знаења, искуства и практики, која ќе заврши со конференцијата „Приватното обезбедување во заштита на критична инфраструктура“.
На саемот земаа учество и агенциите за обезбедување : 2СС, МДН, ОСА, ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ, ПИТОН, ВИЗАРД СИСТЕМИ, СГС

Leave a Reply