Претставници од македонскиот приватен безбедносен сектор учествуваат на Адриа секјурити самит 2022 во Загреб. Самитот е инициран како партнерски проект на коморите за приватно обезбедување од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, а реализиран од АС Адриа Магазинот од Босна и Херцеговина.
Во своето седмо издание Адриа секјурити самотот е продлабочен во однос на поддржувачите и проширен во однос на учесниците со што нуди збогатена програма и можности за нови соработки, знаења и поврзувања во приватната безбедносна индустрија.