11.05.2022-Јубилејна сесија “20 Години НАФТСО” Софија, Р. Бугарија

Претседателката на Комората за приватно обезбедување присуствуваше на Јубилејната сесија “20 Години НАФТСО” во Софија, Р. Бугарија и го честиташе овој значаен јубилеј: 20 години постоење и работа на Националната асоцијација на фирмите за трговска сигурност и заштита на Република Бугарија.
Воедно, Претседателката укажа дека Комората за приватно обезбедување и НАФТСО се современици, со соодветни амбиции и предизвици се на национално ниво и на меѓународен план како членки на Европската конфедерација за услуги на приватно обезбедување КОЕС. Во услови на демографски промени, технолошки развој, нови ризици и закани за безбедноста особено е истакната улогата и функцијата на приватното обезбедување како партнерски учесник во безбедносните системи во секое модерно општество. Истовремено, евидентна е позицијата на приватната заштита како стратешки партнер на сите јавни безбедносни чинители со воспоставена јавно-приватна соработка, изградена на современи механизми за ефикасна комуникација и координација со заедничка цел за гаранција на општата безбедност на граѓаните.
Оттука, се истакнува потребата за интензивно вложување во раст и развој на дејноста, соработка со релевантните чинители во безбедносниот сектор и постојана тенденција за професионализација на приватната безбедност.

Leave a Reply