По повод 20 годишнината од законски регулираното функционирање на приватното обезбедување во Република Северна Македонија Комората за приватно обезбедување додели благодарница за Проф д-р Александра Деаноска Трендафилова за особен придонес и успешна соработка.
Професионалноста, стручноста и одговорноста на дејност со јавни овластувања секогаш побарува интердисциплинарен пристап и манифестира холистички дискурс во унапредувањето на вештините и компетенциите на вработените.
Оттука, приватниот безбедносен сектор во нашата држава како свој активен експертски соработник, советник и коректор во функција на остварување максимален квалитет во работењето ја смета Проф д-р Александра Деаноска Трендафилова, која реализираше непосреден придонес за дејноста особено преку: изготвување на Кометар на законот за приватно обезбедување, учеството во проектот „Безбедност на домот“ и проектот„ТраинБраинСофт“ за развој на меки вештини на работниците за приватно обезбедување, како и учество во бројни дебати, специјализирани обуки и различни форуми за размена на знаења и искуства во аспирациите за унапредување на дејноста приватно обезбедување.