Водечкиот мотив и модел на поврзување и соработкана Комората за приватно обезбедување и Сојузот на стопански комори на Македонија е важноста на економските и финансиски прашања во деловното работење на фирмите коишто вршат приватно обезбедување од една страна, но од друга страна и потенцијалот за поврзување на фирмите коишто нудат услуги на приватно обезбедување со членките на Сојузот на стопански комори.
Двете страни длабоко се убедени дека со договорот за партнерска соработка ќе отпочнат конструктивен форум за помош и поддршка за решавање на клучни прашања од безбедносната и бизнис сферата, но во исто време преку вмрежување ќе се градат квалитетни политики за унапредување на состојбите во стопанството и постигнување на поголем раст и развој.