СООПШТЕНИЕ ЗА РЕДОВНА РАБОТА СО СТРАНКИ:

Започнувајки од 27.04.2020 год. Комората на РСМ за приватно обезбедување ќе работи со странки во своето редовно работно време од 08.30 до 16.30 ч.

Согласно Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба секое домашно или странско физичко лице на територија на Република Северна Македонија е должно да носи ЛИЧНА ЗАШТИТНА ОПРЕМА на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори каде се собираат повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Под лична заштитна опрема се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

Ќе биде забранет влез во простории на секое физичко лице кое влегува како посетител, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Leave a Reply