26/ 27/ 28 и 30 ноември 2020 год. – Обука за справување со професионален стрес во услови на пандемија од Ковид-19

Оваа обука Комората за приватно обезбедување ја организираше во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Обуката беше реализирана во форма на 6 онлајн сесии за 150 претставници од приватниот безбедносен сектор, од 47 правни лица-членки на Комората.

Содржината на оваа обука беше специјализирана за секторот приватно обезбедување, со посебен осврт на состојбите кои ги предизвикува пандемијата со корона вирусот Ковид 19, последиците и начинот на справување со истите. Покрај теоретски осврт оваа обука во својата програма понуди и практични вежби.

Leave a Reply