23.12.2019 – Промоција на истражување „Правци за иден развој на приватната безбедност во Република Северна Македонија“

Комората иницираше сеопфатно истржување во дејноста со цел утврдување на актуелните состојби во приватниот безбедносен сектор во функција на натамошна континуирана надоградба и развој на дејноста приватно обезбедување во Република Северна Македонија и идно стратешко дејствување. Реализација на наведената сериозна и одговорна активност беше спроведена од страна на проф. д-р Марина Митревска, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот Факултет во Скопје, ангажирана во областа на безбедноста и проф. д-р Николина Кениг, редовен професор на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, ангажирана во областите методологија, психометрија и статистика.

Leave a Reply