19-29.11.2019 год.-специјализирана обука за физичко и техничко обезбедување за НБРСМ

Континуираното надоградување на вештините и знаењата претставува гаранција за стручноста и професионалноста на професијата. За потребите на Народна Банка на Република Северна Македонија Комората организираше 8 дневна специјализирана обука за физичко и техничко обезбедување која се одржа: 19-22.11.2019 год. и 26-29 ноември 2019 год.

Дел 1-Едукација, обука и вежби за физичко обезбедување опфати надоградување на знаењата за овластувањата на работниците за приватно обезбедување, но и практични вежби за самоодбрана и боречки вештини. Работниците беа изложени и на практична проверка на примена на овластувањата преку реални вежби по сценарио со симулација на внес на експлозивна направа на различни влезови во објектот на НБРСМ.

Дел 2-Едукација, обука и вежби за техничко обезбедување (противпожарна заштита) во фокусот на програмата ја имаше особено надоградбата на знаењата на работниците за приватно обезбедување за пожари и справување со пожари. За потребите на обуката беше изведена практична вежба на гасење пожар, но и вежба на евакуација на дел од објектот на НБРСМ.

Leave a Reply