02.10.2019 – Меѓународна конференција “Критична инфраструктура – Концепт и безбедносни предизвици“, Хотел Александар Палас – Скопје

Претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска имаше свое обраќање на меѓународната конференцијата “Критична инфраструктура – Концепт и безбедносни предизвици“ при што ја истакна улогата на приватното обезбедување за заштита на критичната инфраструктура.

Меѓународната конференција беше организирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт, со канцеларија во Скопје како завршен настан во рамки на проектот за значењето од заштита на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија.  Целта на конференцијата беше да се  претстават и дискутираат сите аспекти поврзани со заштитата на критичната инфраструктура, да се иницираат активности за креирање на стратегија и носење на закон за заштита на критичната инфраструктура.

На конференцијата беше презентирана и монографијата за заштита на критичната инфраструктура, чиј придонес се очекува да биде насочен кон подигнување на јавното мислење за потребата од ефективна заштита на критичната инфраструктура.

На конференцијата присуствуваа министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска, министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, експерти, професори и претставници од институциите кои се занимаваат со темата.

Leave a Reply