12.06.2019 – Саем за безбедност-Живеј безбедно

Да се осигура чувство за безбедност е фундаментална задача на државата во новата безбедносна средина во која безбедносните актери треба да одговорат адекватно на променетата природа на внатрешните и надворешните закани. Денешниот настан кампањата насловена ЖИВЕЈ БЕЗБЕДНО – САЕМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ во организација на Скопје Сити мол, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување ја искористи да укаже и на друга, посуптилна страна, која ја изразува човечката димензија на дејноста приватно обезбедување во однос на отвореноста на секторот кон граѓаните, транспарентноста во работењето и генералната тенденција за остварување на додадена вредност во своето работење.

Во Република Северна Македонија дејноста приватното обезбедување речиси веќе две децении е препознаена како интегрален дел и партнер во безбедносниот систем, кое преку спроведување на јавни овластувања рамноправно партиципира во гаранција на безбедностa на граѓаните.

Од друга страна компаниите во секторот веќе ја имаат дефинирано својата улога, функционирање и позиционираност во училишта, болиници, деловни објекти, аеродроми, банки, шопинг центри, на спортски и културни настани и речиси во секоја сфера на живеењето и работењето на граѓаните со што придонесуваат за нивно поспокојно функционирање.

Токму заради тоа, во оваа прилика Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување во соработка со МВР, СВР Скопје Одделот за превенција со задоволство учествува во кампањата насловена ЖИВЕЈ БЕЗБЕДНО – САЕМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, која има основна цел превентивно да дејствува во насока на истакнување на важноста и значењето на грижата за безбедноста на граѓаните.

Огромна благодараност и честитки до организацискиот тим на Скопје Сити мол за успешна реализација на денешниот висоско професионален настан за кој сме убедени дека во иднина ќе се зборува само во позитивна конотација.

Leave a Reply