27.03.2019 – Потпишување на меморандум за соработка меѓу Комората на РСМ за приватно обезбедување и Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права ,,Менаџер за корпоративна безбедност“ – Скопје

На 27.03.2019 год. Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права ,,Менаџер за корпоративна безбедност“ – Скопје.

Воспоставување на соработка со сите чинители од сферата на безбедноста е високо поставен приоритет на агендата на Комората. Корпоративната безбедност само по себе значи соодветен придонес за ефикасна заштита на корпорациите од загрозување, кои се насочени кон безбедноста на имотот и кон работењето на компаниите. Ваквата заштита на имотот на компаниите мора да биде исклучително добро организирана, имајќи ги предвид мотивите на сопствениците на имотот и капиталот, да го заштитат и да го сочуваат по секоја цена. А токму тоа е и основната задача на дејноста приватно обезбедување. Во таа смисла потпишувањето на Меморандум за соработка со Асоцијацијата за корпоративна безбедност, владеење на право и човекови права ,,Менаџер за корпоративна безбедност“- Скопје Комората претставува потребна и оправдана активност, дотолку повеќе што се вградува во комплексниот план на Комората за проактивно дејствување и интензивен развој на дејноста приватно обезбедување во Северна Македонија.

Leave a Reply