02.03.2019 год. Скопје- Научно-стручна трибина „Современ систем на цивилна заштита“

По повод 1 Март- Меѓународниот ден на цивилната заштита Дирекцијата за заштита и спасување организираше Научно-стручна трибина на темата „Современ систем на цивилна заштита“, во рамки на која беше организирана панел дискусија на темата Заштита на критична инфраструктура.

Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свое излагање на темата „Идентификација и регулирање на критичната инфраструктура – состојби и перспективи“ како дел од панел дискусијата за Заштита на критична инфраструктура.

Leave a Reply