27.02.2019 – Промоција на Прирачник “Обезбедување лица и објекти”

На 27.02.2019 во просториите на Центарот за обука на Комората, во Скопје се одржа промоција на најновата публикација во издание на Комората “ Обезбедување лица и објекти ”, од авторите, доц. Д-р Ице Илијевски, проф.д-р Злате Димовски и доц.д-р Кире Бабаноски.

Оваа публикација претставува експлицитно четиво кое содржински опфаќа безбедносни проценки, тактики и техники на обезбедувањето лица и објекти. Истовремено, детално ги обработува сегментите на обезбедувањето лица при движење пеш, безбедносна претходница, основни формации за обезбедување лица, понатаму соодветно ги профилира работникот за приватно обезбедување и возачот задолжен за возење на лицата кои се предмет на заштита со сите нивни карактеристики, разработува тактики и техники на возење, формации при движење на возилата во конвој итн
Веруваме дека претставената содржина е своевиден извор за стекнување нови стручни и професионални вештини за ефикасно извршување на работните задачи за сите актери во приватниот безбедносен сектор и длабоко сме убедени дека оваа публикација ќе претставува задолжително четиво и можност за надградба на нивното знаење.

Leave a Reply