21.12.2018-Потпишување на Меморандум за соработка меѓу Комората на РМ за приватно обезбедување и Дирекција за заштита и спасување

На 21.12.2018 год. Комората на РМ за приватно обезбедување потпиша меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита и спасување, пред се во функција на поврзување на приватното обезбедување со единствениот систем за заштита и спасување во Македонија.

Овој меморандум за соработка очекуваме да одбележи отпочнување на плодна соработка помеѓу Комората на РМ за приватно обезбедување и Дирекцијата за заштита и спасување, но веруваме дека истовремено ќеа обезбеди поврзување на останатите партиципиенти во интегралниот систем на национална безбедност во Македонија во областа на заштитата и спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба.

Leave a Reply