Во периодот 05-07.09.2018 год. во хотел Инекс Горица, во Охрид ќе се одржи меѓународна конференција насловена „Мигрантската и бегалска криза во глобалниот свет“, која е во организација на Институт за безбедност одбрана и мир, а Комората на Република Македонија за приватно обезбедување се јавува во својство на генерален коорганизатор, особено во делот на организирање посебниот панел за приватното обезбедување.
Панелот за приватно обезбедување ќе се одржи на 06.09.2018 год.
Имајки ги во вид квалитетот на темите кои се обработуваат, како и експертизата на предавачите, претстојната конференција ќе обезбеди простор за размена на нови знаења и актуелни практики кои ќе претставуваат додадена вредност во работењето на секторот приватно обезбедување.