04.09.2018 год- конференција „Треин Бреин Софт“, хотел Холидеј Ин, Скопје

Партнерските организации за приватно обезбедување од Македонија, Словенија, Норвешка, Романија и Хрватска организира завршна конференција за проектот „Треин Бреин Софт-стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“, која се одржa на 04.09.2018 год, во хотел Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 10.00 часот

Конференцијата „Треин Бреин Софт“ имаше конкретна цел-претставување на меките вештини за работниците за приватно обезбедување, тренинг програма со практични алатки, односно целосната содржина на проектот „Треин Бреин Софт“.

Воедно, настанот имаше за генерална цел да придонесе во натамошниот развој на дејноста приватно обезбедување, особено во областа на унапредување на знаењата и вештинте на работниците за приватно обезбедување во функција на максимална професионализација на дејноста.

Проектот „Треин Бреин Софт“ е изработен во форма на стратешко партнерство од областа на образование на возрасни.

Leave a Reply