Претседателот на Комората Верица Милеска Стефановска истакна дека „потпишување на Меморандумот за соработка првенствено има за цел да овозможи соодветен пристап за трансфер на соодветни знаења, практики и процедури применливи за правилно работење на секторот приватното обезбедување; размена на статистички податоци и информации за степенот на загрозеност на безбедноста, ефектуирање на нови форми за соработка во борбата против криминалното однесување, откривање на криминални појави и други околности кои влијаат на ефикасноста на системот за безбедност; и други форми на заеднички активности, со што приватното обезбедување ќе претставува достоен стратешки партнер во националниот безбедносен систем.“
Министерот Оливер Спасовски нагласи дека потпишувањето на Меморандумот за соработка е логичен чекор во насока на продлабочување и конкретизирање на заедничката соработка и сосема е оправдано, да се размислува за сите можности или евентуални перспективи што ги споделуваат домените на приватната и јавната безбедност. “Дефинирањето на една нормативна рамка, како што е денешниов Меморандум за соработка, го гледам како нужност од која што ќе имаме корист-Министерството за внатрешни работи како регулатор во дејноста и Комората како асоцијација на субјектите – директни носители на дејноста. Рамка, која што истовремено нуди еден широк простор за кооперативност и унапредување на соработката и активностите, на министерството и Kомората, во разните сегменти од дејноста приватно обезбедување. Крајниот бенефит од сево ова треба да го имаат граѓаните на Република Македонија” потенцира министерот Спасовски.