Во организација на Факултетот за безбедност, а под покровителство на Комората на РМ за приватно обезбедување и организацијата Ханс Зидел Штифунг, во периодот 04-06 Јуни 2017 год, во Хотел Метроплол, во Охрид, се одржи осма Меѓународна научна конференција насловена “Концепти и политики за безбедност– нова генерација на ризици закани “.
Во рамки на настанот се одржа и Форум за критична инфраструктура, на кој како модератори се јаваија:
- – Проф. д-р Неџат Корајлич – Декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии,Сараево,Р.Босна и Херцеговина
- – Проф. д-р Иван Тот – Декан на Факултетот за применети науки,ВВГ, Р.Хрватска
- – М-р Верица Милеска Стефановска – Претседател на Комората на РМ за приватно обезбедување на РМ, Р.Македонијаs