12.05.2017- Научно-стручна трибина „Професионализација-клучна развојна цел на стратегијата за развој на приватното обезбедување во Македонија“

Комората на РМ за приватно обезбедување во соработка со Институтот за безбедност, одбрана и мир, при Филозофскиот Факултет, Скопје организираше: Научно-стручна трибина „Професионализација-клучна развојна цел на стратегијата за развој на приватното обезбедување во Македонија“, која се одржа на 12.05.2017 год. со почеток  во 10.00 часот на Институт за безбедност, одбрана и мир, при Филозофскиот Факултет, Скопје, во Амфитеатар бр.4.

Научно-стручната трибина иницираше размена на мислења и дискусија за различни аспекти на професионализација на дејноста приватно обезбедување во Република Македонија, вмрежувајки ги научните сознанија, практичните искуства, потребите, предизвиците и сл кои  ги изложија претставници од: Филозофскиот Факултет , Институтот за безбедност, одбрана и мир; Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита на лични податоци и др релевантни институции и невладини организации од области кои имаат значење за унапредување на професионализацијата на дејноста приватно обезбедување.

Leave a Reply