16-17.02.2017 и 23-24.02.2017 – Обука на обучувачи

Комората за приватно обезбедување организираше обука на обучувачи која  понуди сет од знаења, вештини и способности неопходни за извесно лице да биде обучувач.

Обуката на обучувачи  опфати неколку тематски целини: Стекнување на основните потребни знаења за обучувач; Обука за изготвување на работни планови и програми; Практични вежби, сценарија, презентации и практично спроведување на наставни содржини  од страна на учесниците на обуката; Обука за изготвување на работни  материјали; Обука за подготвување на тестови за оценувње; Обука за проценка на потребата од обука.

Обуката се спроведе во 5 работни денови: 16-17.02.2017 год и 23-24.02.2017 год, плус практична примена на обуката преку презентации и непосредно учество на слушателите на 02.03.2017 год.

Leave a Reply