Секретарот на Комората м-р Сања Керметчиева присуствуваше на завршната конференција на ЕУ проектот „ИНТЕЛ-различност, еднаквост и инклузија во приватното обезбедување“ којашто се одржа во Брисел.
Проектот Интел претставува партнерски проект на Коес и Униевропа, ко-финансиран од Европската Унија, а се однесува на подобрување на вработувањето во секторот приватно обезбедување преку унапредување на вештините и знаењата, како и преку имплементирање на диверсивициран, инклузивен и различен пристап во процесот на вработување на работна сила.