Обуката е партнерски организирана од Бирото за јавна безбедност при МВР и Комората за приватно обезбедување.
Цели на обуката:
Заедничко надградување на знаењата за безбедноста, со посебен фокус на обезбедување на јавни манифестации и спортски натпревари, обезбедување на транспорт на пари и други вредносни пратки и др.
Воспоставување на непосредна комуникација во функција на поврзување, соработка и координација.
Посебна вредност на оваа обука претставува практичниот дел, вежбите на реални сценарија, играњето улоги и другите техники за примена на знаења, како и за воспоставување на непосредна комуникација, соработка и координација помеѓу претставниците од агенциите за обезбедување и полицијата.