20.03.2023 – Известување за дозволите/овластувањата за оружје

Правните лица за приватно обезбедување во вид на давање услуги за физичко и техничко обезбедување и правните лица коишто имаат сопствено обезбедување најдоцна до 04.06.2023 задолжително треба ДА ГИ ЗАМЕНАТ ДОЗВОЛИТЕ/ОВЛАСТУВАЊА ЗА ОРУЖЈЕ издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје (Сл.в.на СРМ бр. 25/72, 30/72, 18/76, 26/76, 15/83, 51/88 и Сл.в. на Р.М. бр. 26/93 и 49/2003):
ДОЗВОЛИТЕ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ НА ОРУЖЈЕ (правни лица);
ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА НОСЕЊЕ НА ОРУЖЈЕ (правни лица);

Барањето за замена се поднесува во Отсекот за оружје експлозивни и опасни материи при МВР, според живеалиште/седиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1. БАРАЊЕ за замена на постојните дозволи (достапно на веб страната на МВР moi.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на МВР).
2. СТАРАТА ДОЗВОЛА/ПОТВРДА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ
3. ДОКУМЕНТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА (лична карта илик тековна состојба – за фирми)
4. ОРУЖЈЕТО да се донесе на увид (без магацин и муниција)
5. АДМИНИСТРАТИВНИ ТАКСИ (Уплата со платежна картичка или уплатница.

Leave a Reply