На 14.03.2023 год. во просториите на испитниот центар на Комората за приватно обезбедување се одржа работна средба меѓу претставници на Здружението на новинари на Македонија и Комората за приватно обезбедување.
На средбата беа истакнати предизвиците со кои се соочуваат медиумските работници и вршителите на приватното работење во своите професии во сферите на меѓусебна координација и особено беше истакната потребата од заемно вложување во унапредување на соработката и комуникацијата меѓу новинарите, снимателите, фото-репортерите и работниците за приватното обезбедување.