Комората на РСМ за приватно обезбедување беше вклучена во инклузивниот и транспарентен процес на креирање на Предлог Законот, кој го реализира Министерството за одбрана како недлежен орган.
Критичната инфраструктура во смисла на дефинирање на правна рамка, идентификација, заштита, градење отпорност, координација, информирање и сл. е високо поставен приоритет во работењето на Комората за приватно обезбедување, со основна цел за гаранција на безбедноста на лицата, објектите и заедницата.
Длабоко веруваме дека со современа правна рамка за критична инфраструктура, усогласена со европската регулатива, а прилагодена на националните состојби и потреби ќе се воспостави стратешки пристап кон заштитата на критичната инфраструктура како врвен државен приоритет со суштинско значење за одржување на виталните општествени функции.
На јавната расправа во Клубот на пратеници, учествуваа и Претседателот на Комитетот на проектот МКД НАТО 2030, проф. д-р Марјан Ѓуровски, универзитетските професори Роберт Микац од Република Хрватска, Александра Деановска Трендафилова, Весна Поповска и Горги Алчевски, како и претставници од Министерството за одбрана, од другите безбедносни институции, академската заедница и граѓанскиот сектор во земјата.