Во рамки на проектот „Зголемување на конкурентноста на правните лица кои вршат приватно обезбедување преку професионализација на кадри и стручно вршење на јавните овластувања (професионален и стручен развој)“ Комората за приватно обезбедување организираше јавна трибина заради претстaвување на проектот и истражувачкиот извештај.Главна тенденција на јавната трибина беше да се поттикне дискусија, размена на критичка мисла и иницирање на напредни идеи во областа на професионализација на вршење на јавните овластувања на приватното обезбедување. На јавната трибина присуствуваа претставници од безбедносните чинители во државата, академската и стручна јавност и вршителите на приватно обезбедување-членки на Комората.