Комората на Република Македонија за приватно обезбедување организираше дводневна “ОБУКА ЗА ЗАШТИТА НА КРИТИЧНАТА ИНФРАСТРУКТУРА” која се се одржа на 01.9.2017 (петок) и 04.09.2017 (понеделник) год. во Центарот за обука на Комората, Скопје.
Обуката за Заштита на критичната инфраструктура понуди продлабочен осврт на концептот и заштитата на критичната инфраструктура; индикативна листа; закани, ранливост и процена на критичната инфраструктура; зајакнување на отпорноста и заштитата преку јавно-приватно партнерство и особено беше обработена темата за местото и улогата на приватниот сектор и компаниите за приватно обезбедување во заштитата на критичната инфраструктура.
Во функција на постигнување максимален ефект на обуката, изработен е Прирачник за заштита на критична инфраструктура, кој го добија сите учесници во обуката, а истиот ќе има дополнителна употребна вредност во понатамошното професионално функционирање на работните места на учесниците во обуката.