13 и 14.12.2018-Обука за канцелариско работење и евиденции по Закон за приватно обезбедување

Претставници од правни лица кои вршат приватно обезбедување во вид на давање услуги посетуваа задолжителна обука за канцелариско работење и начин на водење евиденции по Законот за приватно обезбедување.
Обуката понуди осврт на канцелариското и архивско работење, со посебен фокус на одредбите од Законот за приватно обезбедување каде е пропишана содржината на евиденциите кои треба да ги водат овие правни лица. Воедно, обуката обезбеди работни материјали за начинот на водење на пропишаната евиденција, кои се дадени на располагање на сите правни лица.
Обука за канцелариско работење и евиденции по Закон за приватно обезбедување беше организирана во соработка со Институт концепт, а предавач беше Борис Најдовски.

Leave a Reply