Во рамки на настанот Денови на кариера, организиран на Факултетот за безбедност, Скопје свое обраќање имаше претседателот на Комората Верица Милеска Стефановска истакнувајки дека „Императив за менаџерите во приватниот безбедносен сектор претставува обезбедување на квалитетна работна сила, односно: планирање, имплементација и менаџирање на регрутацијата, развој на систем на кариера и организацискиот развој воопшто ….. очекувано е дека кадрите кои го завршуваат своето обрзование на Факултетот за безбедност својата професионална иднина ја гледаат во системот на безбедноста, каде приватното обезбедување претствува интегрален дел.“