Семинарот “Управување и координација на безбедносниот сектор во Република Северна Македонија“,се одржа во Домот на АРМ во Скопје во организација на Министерството за одбрана, и во соработка со Филозофскиот факултет – Скопје. На семинарот учествуваа претставници од Армијата, од Министерствато за одбрана и Министерството за внатрешни работи и претставници на другите органи на државната управа поврзани со одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент. Целта на семинарот беше активните чинители во одбранбениот и безбедносен сектор да ги унапредат своите знаења и вештини и да разменат искуства со цел поедноставна и поефикасна координација и управување.
На семинарот свое излагање имаше и претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска на тема “Јавниот и приватниот безбедносен сектор – соработка и партнерство”.