Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска и Деканот на Факултетот за безбедност проф-д-р Никола Дујовски се обратија на округлата маса „Безбедност на домот преку превенција на новите закани и безбедносни ризици“, а свое експертското обраќање имаа: проф д-р Марјан Ѓуровски, проф д-р Алесандра Деаноска, м-р Сања Керметчиева, д-р Тони Станковски и проф д-р Весна Стефановска, модератор на настанот беше проф д-р Саше Ѓерасимовски.
Округлата маса претставува завршен настан во рамки на проектот „Безбедно дома“, кој има за цел подигнување на свеста на граѓаните и пошироката јавност за важноста и одговорноста за безбедноста на домот, пред се третирајки ја од перспектива на правилна превенција, во смисол на преземање соодветни активности и мерки за гаранција на максимална безбедност на домот и семејството. а истиот беше поддржан од Министерството за внатрешни работи во форма на покровители на проектот, но и со непосредно учество во активностите.