Во организација на канцелатријата на UN Women во Скопје и Факултетот за безбедност од Скопје беше организиран научно стручен форум „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем“ кој шретставуваше можност да се надградат и да се прошири дискусијата за институционалните промени потребни за да се обезбеди посигурен балансиран и родово одговорен безбедносен систем, како предуслов за зголемување на учеството на жените безбедносниот сектор.
Во свеченото отварање на форумот свое обраќање на темаата имаше претседателката на Конмората Верица Милеска Стефановска, а во панел дискусијата говореше секретарот на Комората м-р Сања Кермечиева за учеството на жените во приватнот безбедносен сектор.
Форумот имаше за цел да се истакнат конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во безбедноста. Клучни елементи на дискусија беа меѓународните трендови и најдобри практики, институционалните проблеми, мерки кои се преземаат и кои можни чекори треба да се направат во насока на подобрување на работните услови. Форумот беше посетен од претставници од сефкупниот безбедносен сектор во РСМ: полиција, војска, царина, ЦУК, ДЗС и др. државни институции, а свое учество земаа и претставнички од агенциите за приватно обезбедување, членки на Комората.