Согласно Статутот на Комората на РСМ за приватно обезбедување на 31.03.2021 год. во просториите на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи се одржа редовна седница на Собранието на Комората. Покрај формалниот дневен ред, на седницата на Собрание учествуваше Лидија Петрова Мојсовска-член на комисијата за вршење надзор над работата на Комората и правните лица за приватно обезбедување, при МВР, со извештај за извршени контрола и надзор од страна на МВР, наложени мерки и констатирани прекршоци заклучно со месец март 2021.
Дополнително, Комората за приватно обезбедување потпиша договор за партнерска соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија, при што претседателката на Комората за приватно обезбедување м-р Верица Милеска Стефановска ја истакна потребата од поврзување, вмрежување заради претставување на приватното обезбедување во економскиот и стопанскиот сегмент од општеството. Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска истакна дека членките на сојузот на стопански комори имаат потреба од користење на услуги на приватно обезбедување и во тој домен со договорот за стратешко партнерство ќе се иницираат низа настани за заемно поврзување и двостран бенефит.