Оваа обука Комората за приватно обезбедување ја организираше во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Обуката беше реализирана во форма на 6 онлајн сесии за 150 претставници од приватниот безбедносен сектор, од 47 правни лица-членки на Комората.
Содржината на оваа обука беше специјализирана за секторот приватно обезбедување, со посебен осврт на состојбите кои ги предизвикува пандемијата со корона вирусот Ковид 19, последиците и начинот на справување со истите. Покрај теоретски осврт оваа обука во својата програма понуди и практични вежби.