07-08..10.2026 – Adria Security Summit, Загреб, Хрватска

На 7 и 8 октомври 2026 година, во Загреб, Република Хрватска , се одржува Adria Security Summit, еден од значајните регионални настани посветени на безбедноста, приватното обезбедување и современите безбедносни технологии.

На Самитот присуствува делегација од Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување и Министерството за внатрешни работи : Верица Милеска- Стефановска, претседателка на Комората, Сања Керметчиева, генерална секретарка на Комората, Горанчо Савовски, претседател на Комисијата за вршење на надзор над Комората и правните лица за приватно обезбедување при Министерството за внатрешни работи и Ристо Ставревски, шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Учеството на самитот претставува можност за размена на искуства, воспоставување и унапредување на регионалната соработка, како и следење на современите трендови и решенија во областа на приватното обезбедување.

Комората продолжува активно да придонесува кон поврзување на домашниот сектор со регионалните и меѓународните безбедносни структури, со цел унапредување на професијата и подигнување на стандардите во дејноста на приватното обезбедување.

Leave a Reply