11.06.2026 и 12.06.2026 – Меѓународната научна конференција „Мултиполарност и одржлива безбедност во Европа“, Клуб на пратеници- Скопје

11.06.2026 – Претседателката на Комората м-р Верица Милеска Стефановска имаше свечено обраќање во текот на отворањето на Меѓународната научна конференција „Мултиполарност и одржлива безбедност во Европа“, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа, во организација на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет, Министерството за одбрана , Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево, Дипломатскиот клуб, Скопје и Комората за приватно обезбедување.

12.06.2026 година генералната секретарка на Комората д-р Сања Керметчиева беше модератор на панел-дискусијата „Перспективи на јавната и приватната безбедност во заштита на критичната инфраструктура и градење на отпорност“.

Со ваквите активности Комората придонесува кон унапредување на научната и стручната дебата во областа на безбедноста, односно приватното обезбедување како рамноправен и интегрален чинител во системот на безбедност, со значајна улога во заштитата на критичната инфраструктура и јакнењето на отпорноста на современите безбедносни предизвици.

Leave a Reply