Комората за приватно обезбедување во соработка со Комисијата за надзор над приватното обезбедување при Министерството за внатрешни работи организираше Работна средба за претставување на новото Упатство за начин на вршење надзор над правните лица за приватно обезбедување.
Целта на оваа средба беше детално запознавање на присутните во функција на натамошно ефикасно постапување во вршење надзор и контрола над вршителите на дејноста приватно обезбедување.
Искрено му благодариме на Претседателот на Комисијата за надзор Горанче Савовски за високо изразените заложби за формално уредување на начинот на вршење надзор над приватното обезбедување и тенденцијата за транспарентно и непосредно споделување на сите нови и постоечки нормативни обврски, како за вршителите на приватно обезбедување, така и за претставниците од Министерството, коишто го спроведуваат надзорот, затоа што крајниот успех претставува резултат од дејствувањето на сите вклучени страни.
Посебно му благодариме на Директорот на бирото за јавна безбедност Александар Јанев за поддршката на секторот приватно обезбедување и вложување во неопходната соработка и координација помеѓу јавнате и приватната безбедност. Присуството на началниците на Секторите за внатрешни работи и командири и високи униформирани полициски службеници од полициските станици силно ја изразува тенденцијата за неопходната соработка во оперативното постапување при вршење приватно обезбедување.
Секако, најголема благодарност изразуваме до Министерот за внатрешни работи кој ја препознава функцијата и улогата на приватното обезбедување во безбедносниот систем и ги поддржува напорите за унапредување на професионалноста и стручност во вршење на оваа исклучително важна дејност со јавни овластувања.
Се разбира, последно, но не и помалку важно, им благодариме на вршителите на приватно обезбедување за нивниот интерес и амбиции да вложуваат во својот раст и развој, во професионализација на вршење на приватно обезбедување, синхронизација со претставниците од МВР и остварување на свој директен придонес во гаранција на безбедноста на приватната личност и имот на граѓаните.
Оваа работна средба беше плодна и ефикасна, продуцираше важни заклучоци со кои се адресираат потребите на секторот, засновани на тековни предизвици во оперативното работење и позиционираше насока за натамошен напредок на приватното обезбедување.






