08.10.2025 – Свечена академија, 25 години Комора за приватно обезбедување
Хотел Александар Палас, Скопје

Безбедноста е споделена, заедничка одговорност на институциите на системот, компаниите и луѓето во заедницата, кои веруваат во чест, професионалност и сигурност на човековото мирно живеење.

На 08.10.2025 година Комората за приватно обезбедување одбележа 25 години вршење јавни овластувања во приватното обезбедување во нашата држава и се етаблираше како симбол на зрелост, доверба и заштитник  на професијата.

По тој повод, на пригодна свеченост беа дадени признанија на експерти, професионалци и институции кои 25 години неуморно ја следат траекторијата на развој на дејност а приватно обезбедување и со својата работа и експертиза даваат континуирана поддршка за напредок на оваа специфична дејност со јавни овластувања.

Во знак на искрена благодарност по повод 25 годишниот јубилеј беа доделени плаќети и сертификати за членките на Комората, за вршење дејност приватно обезбедување и вложување во заштита и унапредување на стручноста, професионалноста, деловност и заштита на професијата.

Компаниите-членки на Комората веќе 25 години ги поддржуваат визионерските идеи на Комората и проактивно учествуваат во сите активности, што претставува круцијален фактор за натамошниот развој на дејноста.

Сите ние заедно, низ плодна и креативна дебата успешно ги надминуваме границите на индивидуалните интереси, во функција на безбедноста на граѓаните и заедницата.

Leave a Reply