Комората за приватно обезбедување потпиша меморандум за соработка со Националниот совет за родова рамноправност и во таа прилика беше организирана Работилница на темата Родот, безбедноста и мирот – предизвици и приоритети со посебен фокус на родовите перспективи во безбедносниот систем.
Агендата на работилницата опфати: претставување на активностите на Комората во областа на зајакнување на жените во приватното обезбедување од страна на генералната секретарка м-р Сања Керметчиева, родовите перспективи во одбраната беа претставени од Полковник Билјана Блажевска, Аѓутантка на Претседателката на државата и Потполковник Александра Доневска и за темата Жената во војна низ фокусот на известување од воени конфликти говореше новинарката Кристина Атовска.
Модератор на оваа работилница беше Проф д-р Марјан Ѓуровски.