Комората за приватно обезбедување ги отвори вратите за студентите од Институтот за безбедност при Филозофскиот факултет во Скопје, за кои Претседателката м-р Верица Милеска Стефановска одржа предавање на темата Местото и улогата на приватното обезбедување во националниот безбедносен систем.
Комората за приватно обезбедување останува посветена во заложбите за привлекување на млада, образована работна сила и во таа насока целосно е посветена на промоција на дејноста приватно обезбедување. Искрено се надеваме дека дел од студентите од Институтот за безбедност ќе градат своја кариера во компаниите за приватно обезбедување.