На оваа работна средба присуствуваа претставници од Секторот за внатрешни работи Струмица, Комисијата за вршење на надзор над правните лица за приватно обезбедување при Министерството за внатрешни работи, претставници од Комората и правните лица коишто работат на територија на СВР Струмица.
Оваа работна средба беше во функција на професионално вршење приватно обезбедување и квалитетна соработка помеѓу вршителите на дејноста приватно обезбедување и полициските службеници во регионот на СВР Струмица.