31.10.2024 – СВР СКОПЈЕ, Работна средба

На 31.10.2024 год. во полициската станица Бит Пазар, во Скопје беше организирана работна средба помеѓу вршителите на дејноста приватно обезбедување, кои работат на територија на СВР Скопје, претставници од Комисијата за вршење на надзор и контрола, при Министерството за внатрешни работи, претставници од Секторот за внатрешни работи Скопје и Комората за приватно обезбедување.

На оваа средба присуствуваа претставници од околу 30 правни лица за приватно обезбедување за
услуги за физичко и за техничко обезбедување и правни лица со обезбедување за сопствени
потреби. Средбата имаше за цел воспоставување на директна комуникација помеѓу вршителите
на дејноста и полициските службеници на територија на СВР Скопје во функција на квалитетна
соработка и координација, заради вршење на професионално приватно обезбедување.

Leave a Reply