03 – 04.09.2024 – ОБУКА ЗА ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ ЗА ЖЕНИ ВО ПРИВАТНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

На 03 и 04 септември за прв пат Комората спроведе специјализирана Обука за лидерство и менаџмент за жени во приватното обезбедување.

20 прекрасни жени вработени во приватното обезбедување имаа можност да стекнат знаења преку теорија и вежби од областите на: функции на менаџмент, лидерски стилови, комуникација, градење самодоверба, управување со време преку матрица “Итно-важно”, родова дискриминација, вознемирување и насилство на работно место, финансии и дигитални технологии и др. Изработивме и вежба за лична SWAT анализа, ефикасна комуникација, афирмации за лична самодоверба итн.

Веруваме дека овие жени вработени во приватно обезбедување ги зајакнаа своите
способности и ќе го применуваат наученото во професионалниот и приватниот живот.

Оваа обука е дел од проектот „Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување-Пеперутка“ за кој Комората доби грант во рамки на USAID North Macedonia проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем„ (Business Support Organizations-Champions project), кој го имплементира Strategic Development Consulting

Leave a Reply