На ЈАВНАТА ДЕБАТА учество земаа претставниците на приватното обезбедување, стопанството, академската заедница, Министерството за внатрешни работи, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, синдикат, Консалтинг за стратешки развој и други кои со своето присуство, професионалната и стручна експертиза дадоа свој придонес во јавната дебата.
Настанот се одржа во просториите на Комората на РСМ за приватно обезбедување како активност на проектот ’’Зајакнување на жените за лидерство и менаџмент во приватното обезбедување’’ – ПЕПЕРУТКА, а во рамки на проектот “Активност за јакнење на деловниот екосистем” систем (Business Support Organizations – Champions Project), кој го имплементира Strategic Development Consulting, финансиран од USAID North Macedonia.
Експертскиот тим на Комората ќе изработи документ кој ќе претставува алатка со која ќе се влијае на свеста кај сите вработени во дејноста приватно обезбедување во однос на родовата еднаквост и подобрување на можностите на жените во приватниот сектор и идно усогласување со европските директиви и прописи во однос на почитувањето на човековите права и слободи и родовата еднаквост во правните лица генерално.