25.12.2023 – ПОРТОКАЛОВ ДЕН – М-р Сања Керметчиева, Комора на РСМ за приватно обезбедување

По повод последниот ПОРТОКАЛОВ ДЕН за 2023 година ќе ги истакнеме носечките активности во
рамки на проектот „Портокалова дланка“ во изминатата година.
На 06.12.2023 год. компаниите за услуги за приватно обезбедување се обединија и промовираа
Декларија против насилство врз жените и девојчињата со што се обврзаа на подигнување на
свеста за нулта толеранција на секаква форма на родов базирано насилство.
На 27.11.2023 год. беше организиран Семинар за родови прашања „Портокалов Цвет“ кога беа
споделени јасни пораки за зајакнување на жените вработени во компаниите за приватно
обезбедување.
Со активностите на проектот „Портокалова дланка“ отпочна процес на промена на
организациската култура во компаниите за приватно обезбедување во насока на родова
рамноправност и препознавање на вредноста која ја додаваат жените во работењеето на овој
сектор со јавни овластувања.
Проектот го промовира секој 25 ти во месецот како „Портокалов ден“ кога се споделуваат пораки
за подигнување на свеста на вршителите на дејност приватно обезбедување во активизам против
насилство врз жените и девојчињата. 

Leave a Reply