На 05.10.2023 год. Секретарот на Комората за приватно обезбедување м-р Сања
Керметчиева учестуваше во Регионалната конференција за обука и вмрежување на ЕПАЛЕ
амбасадори, што беше организирана од Националната агенција за европски образовни
програми и мобилност, кога ги претстави активностите на Комората за унапредување на
знаењата и вештините на вршителите приватно обезбедување и доживотно учење, со фокус
на проектите Треин Бреин Софт и Инклузивен омнибус.