23.03.2026 – Центар за обука на МВР во Идризово, Собрание на Комора

На ден 23.03.2026 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово се одржа редовна седница на Собранието на Комората за приватно обезбедување, со присуство на претставници од правни лица вршители на приватно обезбедување, за услуги од физичко и техничко обезбедување, како и за сопствени потреби.

На седницата беше усвоен извештај за работењето во 2025 год. за извршувањето на јавните овластувања и реализираните активности за унапредување на стручноста и професионалноста во дејноста, финансиски извештај за 2025 год. претставен од страна на Надзорниот одбор. Воедно, беше усвоена и Програмата за работа за 2026 година, која е насочена кон зајакнување на соработката со надлежните институции, унапредување на законската рамка и подигнување на професионалните стандарди во дејноста, со предвидени активности за стручно усовршување, организација на значајни настани и продлабочување на соработката со образовни и научни институции, како и активности за подигнување на свеста за значењето на приватното обезбедување кај стопанските субјекти.

Leave a Reply