Главна тема на работната средба беше „Предизвиците во работењето на правните лица за техничко обезбедување“.
На работната средба присуствуваа: Претседателот на Комисијата за контрола над приватното обезбедување Горанче Савовски и инспекторот од ДЗС Живко Ставрески.
Како исклучително важни аспекти од работењето за техничко обезбедување беа истакнати: вршење видео надзор; специфични околности во однос на техничка опрема за детекција и дојава на пожар, законски обврски во делот на стабилни системи за рана детекција на пожари, јавните набавки за техничко обезбедување и сл. Оваа работна средба иницираше плодна дискусија и заклучоци со кои се истакна потребата од хармонизирање на регулативата, како и координација меѓу надлежните, а се во насока на ефикасно функционирање на правните лица за техничко обезбедување во домен на нивната дејност, надлежност и компетенции.

