06.03.2026 – СВР КУМАНОВО – Работна средба

Во СВР КУМАНОВО се одржа работна средба помеѓу вршителите на дејноста приватно обезбедување, кои работат на територија на СВР Куманово, претставници од Комисијата за вршење на надзор и контрола, при Министерството за внатрешни работи, и Комората за приватно обезбедување.

Средбата имаше за цел воспоставување на директна комуникација помеѓу вршителите на дејноста и полициските службеници на територија на СВР Куманово во функција на квалитетна соработка и координација, заради вршење на професионално приватно обезбедување.

Leave a Reply